Актерката Кејт Бекинсејл ги загрижи своите обожаватели по фотографијата што неодамна ја објави од болнички кревет.
Кејт е во болница речиси три недели, а сега на Инстаграм ги објави своите бели зајачки чорапи и на своите следбеници им го честита Велигден.
Сепак, тие се прашуваат зошто сè уште не е пуштена дома.
„Се надевам дека наскоро ќе застанеш на своите убави нозе“, „Среќен Велигден убава Кејт. Те молам чувај се“, „Ја ценам твојата чудна смисла за хумор и способност да не се сфаќаш премногу сериозно“, ѝ порачаа дел од нејзините фанови во коментарите.
Покрај тоа што заврши во болница, почетокот на 2024 година не беше добар за Кејт бидејќи во јануари го загуби својот очув, Рој Батерсби. Телевизискиот режисер починал од мозочен удар, а боледувал од два типа на рак.
Нејзината мајка Џуди исто така имала здравствени проблеми и итно била пренесена во болница минатиот август.
Кејт Бекинсејл се уште не ја открила причината за нејзината хоспитализација, пренесуваат медиумите.