Кирстен Данст за време на гостувањето во „The Jonathan Ross Show“ откри дека се чувствувала мизерно за време на снимањето на најпознатата сцена од филмот Спајдермен, во режија на Сем Раими.
Во филмот од 2002 година, Данст ја играше Мери-Џејн Вотсон, соседката и пријателката на Питер Паркер, која подоцна станува негова романтична партнерка, додека Тоби Мегваер го играше Питер Паркер.
Иако филмот има многу моменти за паметење, бакнежот на дожд, кој се случува откако Спајдермен ја спасува Мери-Џејн од уличните насилници, се смета за еден од најдобрите филмски бакнежи на сите времиња.
Иако оваа сцена достигна легендарен статус во поп културата, снимањето не било без тешкотии. Данст откри дека се чувствувала мизерно за време на снимањето поради ужасните временски услови.
„Се сеќавам дека Сем Раими ми подари книга за познати бакнежи, за да најдам инспирација, но сакаше и сцената да биде посебна, иако самото снимање на сцената беше некако мизерно“, се присетила актерката.
„Врнеше и беше навистина студено и Тоби не можеше да дише, па се чувствував како да го оживувам“, објаснила Данст.
Данст наскоро ќе можеме да ја видиме во филмот „Civil War“, на кој работеа режисерот Алекс Гарланд и студиото А24. Филмот ќе биде премиерно прикажан во кината на 12 април.