Крокодил му се прикрадува на заспан турист, а епилогот е неверојатен (ВИДЕО)

by Тони Зографски

На интернет кружи видео снимено на плажа во близина на мексиканската населба Бока де Игуанас.

Застрашувачката сцена прикажува млад турист како спие во шатор, а покрај неговата глава гледаме крокодил!

Момчето е сместено во светло син шатор, а опасниот рептил очигледно немал желба да го изеде, туку да си ја одмори душата.

Авторот на видеото објаснил дека крокодилот цела ноќ спиел покрај шаторот, а останатите го преместиле пријателот во апсолутна тишина за да не го испровоцираат опасниот предатор.

Локалните власти ги потсетија туристите да бидат свесни за присуството на диви животни и да преземат соодветни мерки на претпазливост, пишува Daily Mail.

Се верува дека крокодилот стигнал до плажата во Бока де Игуанас, западно од Мексико Сити, поради храната и отпадот што го оставиле посетителите.

Официјалните лица истакнуваат дека влекачите ги привлекува „лесниот оброк“, па затоа е важно туристите да го остават ѓубрето подалеку од површината на водата. Во спротивно, може да се појават ризични ситуации.

останати вести