Сопругата на украинскиот фудбалски репрезенативец Александар Зубков, убавата Ани ја шокира јавноста со неодмерени.
Само ден по триумфот на Украинците над Исланд вреден пласман на ЕУРО 2024, јавноста повторно беше изненадена од убавата Ани.
На денот кога Украина го победи Исланд во бараж дуелот сексапилната Ани го прослави својот роденден.
За жал, нејзиниот сопруг Александар Зубков не доби шанса да игра против Исланд. Селекторот Сергеј Ребров го остави на клупата за резерви.
Крилниот напаѓач на Шахтјор има одлична сезона, одигра 19 натпревари во првенството на Украина, постигна четири гола и забележа пет асистенции.
Ана Зубкова го привлекува вниманието на украинските медиуми со своите неодмерени изјави, но и со својот изглед.
Ана Зубкова пред две години ги запали социјалните мрежи со следнава изјава:
– Не би можел да бидам со човек кој не заработува многу пари. Или премалку заработува. И што? Се прашувате која плата би била нормална за мојот човек? Да речеме 10 илјади евра.
Провокативната Ани потоа истакнала дека месечно само за себе и својот изглед троши околу 3000 евра.
Инаку Ана Зубкова работела како модел, додека не го запознала фудбалерот на Шахтјор. Таа позираше за украинското издание на „Плејбој“ и така стана многу позната во јавноста.
Сега таа редовно објавува жешки фотографии на социјалните мрежи и со тоа предизвикува реакција кај јавноста во Украина.