За време на одморот со своето семејство, фаталната актерка Салма Хајекја покажа својата прекрасна фигура во минијатурно бикини, пренесува „Пејџ сикс“.
Во неделата, оваа 57-годишна филмска ѕвезда сподели атрактивна фотографија на која позира на плажа. Споменатото бикини го искомбинирала со очила за сонце, притоа врзувајќи ја косата во опавче.
„Секогаш помага да се има фотограф во семејството“, напиша Хајек во описот на објавата и ѝ ја препиша заслугата за фотографијата на нејзината 16-годишна ќерка од бракот со Франсоа-Анри Пино, Валентина Пино.
Како и секогаш, актерката ги остави без зборови своите обожаватели, а еден со ентузијазам ѝ искоментира дека „секогаш помага да се види тоа тело“.
„Неверојатен пејзаж со прекрасна убавина. Прекрасна, нежна и убава“, „Валентина е неверојатен фотограф! Ти и морето сте совршена комбинација“, се дел од коментарите на објавата.
Да потсетиме, актерката пред неколку месеци конечно ја откри тајната за одржување на својата завидна фигура, посочувајќи дека „не се работи за вежбање“.
„Луѓето велат дека тоа е поради вежбањето, но мислам дека сѐ зависи од медитацијата“, изјави таа за „Ентертејмент тунајт“ и истакна дека „вежбањето е тешко“.
„Вежбањето е навистина многу тешко и тешко е да се има дисциплина… Од друга страна, медитацијата е лесна како ‘прошетка во парк’“, заклучи таа и објасни дека нејзиното лице и тело почнуваат да се „опуштаат и опаѓаат“ ако таа не практикува медитација.
Имено, таа нагласи дека без медитација „ѝ се враќа проблемот со дискус хернијата, како и проблемите со вратот, колкот и глуждовите“.