Селена Гомез (31) за време на викендот објави некои од своите најексплицитни селфиња, но набрзо ги избриша.
Пејачката и актерка позира во црн градник без прерамки, но само неколку минути по објавувањето фотографиите исчезнаа од нејзините профили на социјалните мрежи.
Последниве години нејзиниот изглед често е мета на критики, но таа не дозволува да влијае врз неа и во јавноста се залага за природен изглед и често зборува за проблемите на наметнатите општествени стандарди на убавина. Таа често објавува фотографии на кои позира без шминка.