На 42-годишна возраст, Бразилката Елиза Санчез постигна значителна кариера правејќи филмови за возрасни. Сепак, сега реши да се испроба и во фудбалот!
Но, не како играч – туку како судија, затоа што сака да го оствари сонот што го имала како млада жена. Таа и пред 22 години имала можност да има свирче во устата на хуманитарен натпревар, додека сега сака сето тоа да го официјализира.
– Гледам светла иднина кога е во прашање судењето. Во добра форма сум. Сакам напорно да учам за тестовите и да ги положам од прв пат – изјави Санчез, кој има снимено најмалку 100 филмови за возрасни.
Таа, исто така, призна една работа од која се плаши.
– Понекогаш се прашувам дали јавноста и играчите ќе ме почитуваат. Јас сум жена, поранешна порно ѕвезда, па морам да бидам подготвена на сѐ. Но, сепак сум возбудена, го најдов училиштето во кое ќе одам.
Исто така, таа призна дека ја напуштила порно индустријата бидејќи ѝ здосадиле наметливите моќници кои сакаат да се дружат со порно актерки.