Помалку од два месеци откако Бакингемската палата потврди дека на кралот Чарлс Трети му бил дијагностициран рак, извори откриваат дека кралот се бори со рак на панкреас и дека му преостануваат уште две години живот.
И додека кралското семејство не открива детали за специфичноста на болеста на Чарлс, вклучувајќи го и типот на рак што го има, извор ексклузивно потврдува дека „дијагнозата на кралот е јавна тајна меѓу кралскиот персонал“.
„Многу дворјани веруваат дека ракот на Чарлс е полош отколку што тие го прикажуваат тоа“, додава друг инсајдер за „InTouchWeekly“.
„Дури и пред дијагнозата постоеше загриженост за неговото здравје“.
Бакингемската палата на 5-ти февруари потврди дека на Чарлс (75) му бил дијагностициран неодреден облик на рак. Тој ја добил дијагнозата по операцијата за зголемена простата на 26-ти јануари.
„Неговото Височество денеска започна распоред на редовни третмани, при што неговите лекари го советуваа да ги одложи јавните обврски“, се вели во соопштението на палатата.
„Во овој период, Неговото Височество ќе продолжи да ги извршува државните обврски и официјалната папирологија кко и обично“.
Оттогаш, монархот присуствуваше на неколку јавни ангажмани.
„Чарлс е во чекор со некои појавувања, не само за да ги уништи дивите теории на заговор и лажните извештаи за неговата смрт, туку и да им покаже на луѓето дека сè уште може да ги извршува своите должности како крал“, рече друг извор, додавајќи дека Чарлс „се придржува до упатствата од лекарите и е подготвен да проба каков било третман за да му го продолжи животот барем за неколку години“.
Чарлс стана крал по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, во септември 2022 година. Тој формално ја прифати кралската титула на неговото крунисување во мај 2023 година.
„Трагедија е тоа што Чарлс нема да може да ги следи стапките на својата мајка и да остави трајно наследство како неа“, признал првиот инсајдер.
Среде битката на кралот против ракот, неговата сопруга кралицата Камила, неговата сестра принцезата Ана и неговиот најстар син, принцот Вилијам, се вклучија за да помогнат и да присуствуваат на ангажманите кои тој морал да ги пропушти.
„Неговите помошници можат да кажат дека Чарлс сè уште е загрижен за своето наследство“, вели друг инсајдер, додавајќи дека главата на кралското семејство „се грижи“ дали Вилијам (41), кој е следен на редот за тронот, е подготвен да го преземе неговото место како крал.
Во меѓувреме, семејството останува оптимистично во поглед на состојбата на кралот пред очите на јавноста.
„Одлично му оди“, рече Камила (76) за време на посетата на Северна Ирска во четвртокот. „Беше многу разочаран што не можеше да дојде“, додаде таа.
Палатата со недели не објавуваше никакви официјални информации за здравјето на Чарлс, но ги негираше информациите дека тој починал во понеделникот, на 18-ти март. „Среќни сме што можеме да потврдиме дека кралот продолжува со официјалната приватна работа“, се вели во соопштението на Бакингемската палата.