Добитничката на 28 Греми музички награди, се соблече за промотивна слика за Каубој Картер, нејзиниот осми студиски албум и деби со кантри музика. На фотографијата Бијонсе е со долги плетенки со мониста, позирајќи како Венера.
Таа претходно откри дека албумот ќе излезе на 29 март. Инаку, таа во 2022 година објави дека нејзиниот албум „Renaissance“ ќе биде првиот од трите албуми. Екстатичните фанови ги преплавија социјалните мрежи за да го покажат своето задоволство од новите песни.