Белоруската тенисерка Арина Сабаленка за прв пат се огласи во јавноста, откако изненадувачки почина Константин Колчов. Белорускиот хокеар беше во љубовна врска со Сабаленка две и пол години, а нивната идила заврши непосредно пред да згасне животот на 42-годишниот хокеар.
„Смртта на Константин е незамислива трагедија. Иако веќе не бевме заедно, срцето ми е скршено. Ве молам, почитувајте ја мојата приватност и приватноста на неговите родители во овие тешки моменти“, беше пораката која Сабаленка ја испрати преку својот Инстаграм профил.