Актерката Кели Брук откри дека и официјално завршила со актерската кариера. Кели глумеше во голем број филмови во кои имаше помали улоги, но актерката сега призна дека не планира да се врати на филмот и дека завршила со тој дел од животот.
Ќе се откажам од глумата. Не сакам предолго да бидам далеку од дома“, изјави таа за Дејли Стар и додаде:
„Ми се допаѓа да спијам во мојот кревет и да се грижам за моето куче. Бев ужасна актерка. Сметам дека тоа е прилично исцрпувачки.”
Кели е среќно мажена за Џереми Париси, од јули 2022 година. Поради ова, Кели еднаш коментираше дека не може да замисли да глуми нечија љубовница ако дојде до тоа.
„Имам силна личност и тешко ми е да бидам некој друг“, рече таа, мислејќи на актерството.
„Претходно, кога ќе ми кжеа дека сум мажена за некого на сет, по две недели навистина верував дека сум во брак со него. Тоа беше страшна ситуација“, објаснила таа.
„Не можам да замислам да се свртам кон Џереми и да кажам: Заминав не шест недели и ќе се преправам дека сум љубовник на Рајан Рејнолдс, дали е тоа во ред? Мислам дека тоа не би поминало добро. Мислам дека и мојот сопруг не би се согласил со тоа. Тоа беше добар момент во мојот живот, но понекогаш треба да се откажеш од многу во животот, не можам повеќе да бегам и да бидам актерка.” заклучи таа.