Боливудската актерка и поранешна Мис Универзум во 2000 година, Пријанка Чопра, неодамна присуствувала на свечен настан кој го организирал брендот за луксузен накит „Bulgari“ во Индија.
Актерката за таа прилика носела интересна креација на индискиот дизајнер Гаурав Гупта во бебешко розова боја.
Имено, Гупта ја дизајнирал тоалетата за Чопра така да потсетува на традиционалната индиска носија за жени – сари, но со мала промена.
Наместо мноштво детали кои можат да се забележат на оригиналната носија, креацијата која ја понела актерката го имала само нејзиниот „костур“. Со самото тоа дошла до израз витката фигура на Пријанка, а бебешко розовата боја дополнително го нагласила нејзиниот тен.
Целокупното издание, поранешната мисица го надополнила со голем ѓердан на брендот „Bulgari“ и високи потпетици во златна боја.