641
Канје Вест и Бјанка Ценсори каде и да се појават во јавноста ги следат папарацо фотографите.
Скандалозниот пар којшто е на удар на медиумите повеќе од една година, овојпат бил фотографиран на аеродромот во Лос Анџелес.

Немало изненадувања, и Бјанка и Канје се појавиле во „интересни модни изданија“:
Бјанка Ценсори била фотографирана пред приватниот авион на аеродромот во Лос Анџелес во проѕирно боди кое целосно ѝ ги откривало градите, носела и црни хулахопки и сандали на пониска потпетица.

Интересно е тоа што и покрај критиките на таткото на Бјанка, на сметка на нејзиното облекување и начинот на живот, со неа овојпат на пат била и нејзината мајка Александрија која првпат во јавноста е фотографирана заедно со својата ќерка.

