Пејачката и актерка Лили Ален се отвори за тоа како мајчинството негативно влијаело на нејзината поп кариера. 38-годишната ѕвезда во интервју за Radio Times сподели како гледа на родителството, споделувајќи ги и „непријатните лузни од нејзиното минато“ кои ја натерале да ги стави своите деца на прво место.
Таа има две ќерки со нејзиниот поранешен партнер Сем Купер. Во искреното интервју, Ален рече дека „децата и ја уништиле кариерата“. Ги сакам, ме комплетираат, но не можам да негирам дека ми ја уништија пејачката кариера“, вели таа.
Лили порасна во семејство на татко актер и мајка филмски режисер. Таа посочи дека кога била мала, нејзините родители не и го посветувале вниманието што ѝ било потребно. „И токму поради таа причина си реков дека кога ќе имам свои деца, нема да бидам таква“, објасни таа.
Родителите на 38-годишната пејачка се разделени од нејзината 4-годишна возраст.
Како резултат на нивниот развод, Лили постојано се селеше. Помеѓу шестиот и петнаесеттиот роденден таа одела во четиринаесет различни училишта. Завршила во интернат, кој го напуштила на 15 години. За време на одморот на островот Ибица, Ален го запознала музичкиот агент Џорџ Лам, кој ја поврзал со продуцентите кои и помогнале да изгради музичка кариера. Таа добива договор кон крајот на 2005 година, а нејзиниот прв сингл „Smile“ стана бестселер во Велика Британија.
Откако го остави светот на музиката зад себе, Лили најде нов креативен излез во актерството. „Тоа се случи во време кога се борев со зависности. Ми се јави режисер и ми понуди улога, но јас одбив. Не се сметав себеси за актерка”, објасни таа за медиумите.
„Благодарение на мојот сопруг, им дадов втора шанса. Тој ми рече да се обидам, и кој знае, можеби ќе успее“, додаде Ален.