Славната актерка отворено за борбата со мултипла склероза: „На некој начин живеам во пеколот…“ (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Актерката Кристина Еплгејт повторно говорела за својата борба со мултипла склероза.

Имено, исечок од нејзино интервју вчера се појавило во емисијата „Good Morning America“ каде актерката говорела како успева да се справи со дијагнозата после повеќе од три години.

IMA TEŠKU BOLEST OD KOJE JEDVA HODA, NE IZLAZI IZ KUĆE: Zanosna plavuša živi u PAKLU, a ovo su SIMPTOMI koji RUŠE

„На некој начин живеам во пеколот. Не сум многу надвор, па ова малку е тешко за мене, но секако, поддршката од луѓето е прекрасна и навистина сум благодарна за тоа“, изјавила Еплгејт.

Кристина не била единствената гостинка во емисијата. Имено, во интервјуто била вклучена и актерката и ѕвезда на серијата „The Scorpions“ Џејми Лин Сиглер која живее со истата дијагноза од својата 20 година.

„Никогаш нема да се разбудам и да речам: Ова е супер. Само ќе кажам дека тоа нема да се случи. Се будам и се потсетувам себеси на тоа секој ден. Меѓутоа, можеби ќе дојдам до место каде ќе функционирам малку подобро. Моментално сум во изолација, а тоа е начинот на којшто се соочувам со тоа да не одам никаде затоа што не сакам да го правам тоа. Тешко е“, изјавила таа.

Во јануари годинава, Еплгејт се појавила на доделувањето на „Еми“ наградите, а кога излегла на сцена, добила големи овации.

Признала дека се исплашила и дека не се сеќава што зборувала во текот на своето појавување на сцена. Сепак, минатата година во мај, таа објавила дека веројатно повеќе нема да се појавува пред камери.

MOJ ŽIVOT JE NOĆNA MORA ZBOG MULTIPLA SKLEROZE: Bolna ispovest popularne glumice (FOTO)

останати вести