Деми Мур имаше прекрасна придружба на забавата на Vanity Fair, која секоја година се организира по повод Оскар. 61-годишната актерка позираше со трите ќерки на црвениот тепих.
Холивудската ѕвезда изгледаше децении помлада облечена во кафеава креација со длабоко деколте и исечоци.
Покрај неа беа 35-годишната Румер, 32-годишната Скаут и 30-годишната Талула, кои ги има со Брус Вилис.