Бразилката Лариса де Маседо Мачадо, попозната како Анита, на Vanity Fair забавата по доделувањето на Оскарите се појави во атрактивна облека.
30-годишната актерка и пејачка прошета на црвениот тепих во проѕирен мрежест фустан кој малку сокриваше.
Пејачката не носеше градник, а под блескавиот фустан со длабок рез на грбот се гледаше танга.
Инаку, Анита имала афера со бразилскиот фудбалер Нејмар додека тој беше во врска со сега веќе поранешната девојка, инфлуенсерката Бруна Бјанкарди, со која има шестмесечна ќерка, а раскинаа само еден месец по нејзиното раѓање.