Британската актерка и реалити ѕвезда Амбер Тарнер ги покажала сите свои адути во новата модна комбинација која самоуверено и храбро ја носела.
Проѕирниот тесен фустан во боја на кожа, преполн со светкави детали го откривал нејзиниот совршено рамен стомак и завидните стомачни мускули, но го истакнувал и нејзиното бујно деколте.
Фустанот бил припиен до нејзиното извајано тело, а долната облека овојпат не се ни познавала.
Атрактивната русокоса ја заокружила смелата комбинација со беж сандали и чанта во истата боја. Косата ја собрала во низок реп, а целокупниот изглед го комплетирала со повпечатлива шминка.