Кралот Чарлс Трети моментално не е застапен во јавноста затоа што се лекува откако му беше дијагностициран канцер, па британските медиуми главно се присетуваат на неговите стари изјави и патувања.
Меѓу оние кои повторно се во фокусот на јавноста е и патот на тогашниот принц и престолонаследник Чарлс во Аргентина, кога цела вечер танцувал.
Познато е дека синот на кралицата Елизабета Втора има неверојатни танцови вештини, а тоа ги потсетило медиумите на една изјава за тоа каков е Чарлс на танцовиот подиум.
Популарната актерка Ема Томпсон (64) која сме ја гледале во низа успешни остварувања со години негува пријателски однос со Чарлс.
„Да танцуваш со Чарлс, стариот пријател, е подобро од секс“, изјавила таа во 2013 година за „Time“.
Како што објаснила актерката, тој прекрасно се согласува со нејзините колеги, а во минатото, на шега, се обидела да стигне до титулата принцеза преку Чарлс.
„Постои и друга историја на односот на принцот од Велс со мене, Бог знае дека јас се обидував, но тој не беше заинтересиран за тоа“, истакнала Ема Томпсон.
Актерката била меѓу славните кои го поддржале Чарлс кога бил крунисан за крал во 2023 година, а во Вестминстерската палата пристигнала во многу отмено издание, носејќи го орденот на Британската империја којшто во 2018 година ѝ го врачила кралицата Елизабета Втора за придонес во уметноста.