Нејзината убавина на 73 години сјае со блескав златен сјај и е вистинска инспирација поради енергијата и духот со кои плени. Џејн Сејмур точно знае кое издание најмногу ќе ѝ одговара. Златната тоалета со елегантни набори и разигран крој била вистински погодок, додека сандалите во ист тон биле најдоброто решение за овој аутфит. Бојата на нејзината коса одлично се совпаѓала со аутфитот, а при изборот на накит не била направена ниту една грешка.
Брилијантно, фантастично издание на познатата актерка.
Сејмур неодамна сите ги заинтригирала со есејот објавен во „Cosmopolitan“, „Sex After 60“. Џејн и претходно говорела за тоа дека ги обожува своите години. Темата на новата статија била интимната врска помеѓу неа и нејзиниот партнер Џон Замбети (75).
Како што изјавила, денес ужива во сексот повеќе од кога било досега.
„Сега се познавам себеси и моето тело, а Џон има свои искуства, кои ги немаш кога си помлад. Претпоставувам дека меѓу помладите генерации луѓето прво имаат секс, а подоцна велат: „Ох, здраво. Како си?“.
Колку повеќе стареам, толку повеќе односите ми се базираат на емоционалната интимност, на споделување на подемите и падовите во животот со некого, нашите чувства, радости, нашата тага, нашите заеднички страсти и желби“.
Во својот есеј за „Cosmopolitan“, актерката која се мажела 4 пати и има 4 деца, признала дека често се губела во своите врски, поради што се труди да живее за себе во сегашната романса. Всушност, таа изјавила дека толку сакала да се убедува себеси дека воопшто не била заинтересирана за Замбети кога првпат се сретнале. „И покрај мојата активна незаинтересираност за романса во тоа време, тој сепак ме ценеше и ја доби привилегијата да дознае каков е мојот живот.
Му дозволив да биде дел од ’бандата‘“, порачала таа.