Северина викендов настапи во Минхен, а на својот Инстаграм профил на своите следбеници им покажа каква модна комбинација избрала за овој настап. Таа се одлучи за црни панталони од вештачка кожа, кои ги спои со розов топ и бели сандали.
Иако изгледаше одлично, тој изглед не издржа до крајот на концертот.
-Гутен таг. Вака изгледав синоќа пред концертот во Минхен, косата ми падна на третата песна, а панталоните ми се скинаа на тринаесеттата песна. Но, насмевката беше постојана, до последната песна – напишала пејачката.
-Приказна пред спиење… Му шепнав на Хенри дека ми се искинати панталоните и дека треба да ми даде сако, Хенри носи сако, Љубо ги залепи панталоните со селотејп со кој претходно го залепи тепихот на подот (затоа што подот се лизгаше поради кондензација, што е идеално за салто, што се плашев дека може да се случи)… Поздрав до производителот на селотејпи. Каков рокенрол – напиша Северина.