Легендарниот, Шпанец Икер Касиљас е еден од најдобрите голман во историјата на фудбалот, но сега славниот капитен на Реал Мадрид е присутен во јавноста поради неговата роднина Алба, која е вистинска убавица.
Сексапилната Алба се прославила со учества во неколку реални шоуа во Шпанија.
Поради овие проекти 31 годишната убавица стекнала многу лоша репутација во нејзината родна земја.
Најголема причина за оваа репутација бил фактот што Алба била обвинета дека спиела со неколку фудбалери на Реал Мадрид чиј капитен и легенда беше Икер.
Таа неодамна реши да го прекине молкот и да стави крај на шпекулациите.
– Велат дека сум спиела со половина од соблекувалната на Реал. Сакам да ви кажам дека ова е глупост. Да, ми пишуваа, но не ме интересираше тоа што ми го нудат. Да, би можел да направам илјада работи со нив, но тоа се луѓе кои ве третираат како парче месо – рекла Алба, пренесува „Марка“.