Младенците не штеделе за забавата во префинет лондонски хотел и за прославата потрошиле околу 58.000 евра, а дел од таа сметка, поточно 15.000 евра, биле потрошени за гигантска торта висока 4 метри.
Меделин Бартон (18), ја видела огромната торта за првпат дури на забавата. Судбоносното „да“ го кажала на својата средношколска љубов, 20-годишниот Патрик. Забавата се одржала во сала во Савој во Лондон, а тортата ја изработила 48-годишната слаткарка Сем Вудруф.
Таа започнала да работи на тортата во ноември. Прво направила 6 кружни пандишпани од 20 центиметри кои ги поставила на основата. Остатокот од тортата бил направен од полистирен.
За кулите Сем користела нова технологија, односно 3Д печатач и ги ставила на врвот на огромната структура.
„Целиот ден беше совршен. Имавме повеќе од 200 гости. Тортата беше фантастична, останав без зборови”, рекла воодушевената невеста.
„Таа е многу талентирана, ги прави моите торти од мојот 13-ти роденден“, изјавила Меделин.
Невестата побарала од Сем да ѝ направи торта во форма на дворец и останала воодушевена кога го видела конечниот резултат. Сем која се занимава со правење слатки веќе 6 години, изјавила дека тортата на Меделин е најголемата што ја направила во нејзината кариера. Мајката на 4 деца рекла дека на неа и на нејзиниот сопруг Дејв (47) им биле потребни 6 часа да го направат замокот тој ден и дека морале да користат скала за да стигнат до врвот.
„Плачев кога го видов готовиот производ. Бев емотивна бидејќи целиот процес на правење траеше толку долго“, признала креаторката на тортата, пренесува „The Sun“.