Во Њујорк премиерно беше прикажан филмот „Dune: Part 2“. Главната актерка Зендаја направи уште една модна револуција, а во рушењето на модните граници може да се каже дека таа се натпреварува сама со себе.
Зендаја носеше фустан на Стефан Ролан со долги ракави и златни детали во долниот дел на креацијата. Фустанот кој на одредени делови е откроен и поврзан со прозирна мрежа, покажува дека актерката не носи долна облека.
Зендаја е позната по своите појавувања со до некаде „ризичен“ стајлинг кој не открива многу, но сосем доволно за да го привлече вниманието и да ја поттикне имагинацијата на гледачите.
Таа секогаш внимава на секој детал, па така и нејзиниот маникир е согласно со најновите трендови.
На премиерата беа присутни и другите членови на актерската екипа, Флоренс Пју во фустан на Валентино, Ања Тејлор-Џој во модел на Жан Пол Готје, Остин Батлер во костум на Хајдер Акерман и Тимоти Шаламе во модно издание на Прада.