Необична приказна е снимена во градот Толјати, во областа Самара, а раскажува за бездомникот Александар.
Човекот крт“, како што го нарекуваат медиумите, го забележал рускиот блогер Антон Глечеров, кој решил да го дознае неговото минато и да му помогне.
Блогерот истакнал дека Александар не мирисал на алкохол, туку дека зборувал полека, како да преживеал мозочен удар, пренесува The Sun.
Неговиот соговорник објаснил дека пред 15 години пијан паднал во шахта, откако сопругата се развела од него.
Бидејќи немал каде да живее, останал во канализацијата, па блогерот решил да му го побара семејството.
Потоа открил дека Александар имал блиски роднини во Толјати, па дури и во Москва, кои верувале дека тој во меѓувреме умрел.
Му ветиле дека ќе дојдат да го земат, но никогаш не се појавиле, ниту пак одговориле на бројните повици.
Блогерот се обидува да му најде место на Александар во прифатилиште за бездомници, додека несреќниот маж истакнува дека е подготвен да работи за да има нормален живот.