Една од најпознатите инфлуенсерки во светот, Кјара Ферањи, по драмата од декември минатата година и скандалот околу хуманитарната акција се разведува од раперот Федез – пренесуваат италијанските медиуми.
Се чини дека неодамнешните правни проблеми на инфлуенсерката одиграле значајна улога во разделувањето. Според веб-страницата „Dagospia.com“, проблемите во нивниот однос започнале уште од минатогодишниот Санремо, но Кјара го одложила донесувањето на какви било одлуки за да го поддржи својот болен сопруг.

Меѓутоа, кога се нашла во неволја, Федез наводно покажал помалку разбирање, обвинувајќи ја неа и правните проблеми со кои се соочувала за негативниот ефект врз неговиот бизнис.
Ова довело до циклус расправии во кои ескалирала тензијата додека Кјара се обидувала да ги држи работите под контрола. На крајот, Федез наводно побегнал во Мајами со неговиот помошник, што кулминирало со негово напуштање на нивниот дом.
Некои на социјалните мрежи сметаат дека станува збор за ПР стратегија за инфлуенсерката да се врати на старото, односно да го врати својот имиџ пред скандалот околу продажбата на божиќни колачи, од кои дел требало да оди во хуманитарни цели.
Италијанката во соработка со компанијата „Balocco“ дизајнирала празничен колач со нејзиното име и лого, кој се продавал за 9 евра. Парите од продажбата требало да бидат донирани на педијатриската болница „Regina Margherita“ во Торино за собирање средства за лекување на деца кои боледуваат од рак на коските.