По смртта на Мерилин Монро се појавиле различни ликови кои имале свои необични сеќавања поврзани со актерката, а меѓу нив била и госпоѓа Лоренс.
Џејн Лоренс на биографите им раскажала како Мерилин Монро ја бакнала во уста, после што Џејн мислеле дека едноставно ќе умре.
„Имав 16 години, а таа 29 . Се наведна кон мене и многу нежно и бавно ме бакна во уста. Мислев дека ќе умрам“, раскажала таа.
Џејн признала дека Мерилин Монро ја нарекувала „мојата мала тајна“ со оглед на тоа што тие две имале и сексуални односи.
„Џејн ја запознала Мерилин кога имала само 12 години затоа што нејзиниот татко, т.е. човекот којшто ја посвоил ја водел на разни служби во филмското студио. Набрзо потоа тие станале блиски зошто имале речиси иста судбина. И двете биле сирачиња, додека Мерилин била постара од Џејн 14 години“, раскажал изворот.
Џејн се борела со својата сексуалност и многу пати разговарала со Мерилин за тоа.
„Кон што и да тежнееш тоа ништо не значи, зошто љубовта е љубов“, ѝ велела Мерилин.
Така една ноќ во 1955 година Мерилин целосно ги сменила погледите кон сексуалните искуства на Џејн Лоренс. Џејн отишла во станот на актерката во Лос Анџелес да ѝ помогне да постават некои полици, таа изјавила дека вечерта брзо прераснала во нешто многу поинтимно.
Во своите сеќавања, госпоѓа Лоренс открива дека актерката го зела лекот Нембутанал, додека пиеле шампањ.
А, следното на што се сеќава Џејн било тоа како се бакнува со Мерилин Монро.
„Следните неколку минути стана магливо, нереално и налик на сон. Пулсот ми беше брз додека Мерилин нежно ме бакнуваше по градите, а потоа се наведна и ме бакна и во уста, многу нежно и бавно. Бев на раб да доживеам срцев удар“, раскажала Џејн.
„Од дневната соба, преминавме во спалната“, открила таа.
Таа објаснила дека Мерилин во сексот била многу сигурна. Меѓутоа, верува дека таа не била геј.
„Беше само со слободен дух. Беше многу отворена личност“, изјавила Џејн.
Џејн и Мерилин останале добри пријателки сѐ до нејзината смрт на 36-годишна возраст.