Емили го соблече фустанот и го покажа задникот во тангa (ФОТО)

by Тони Зографски

Емили Ратајковски, една од најпознатите манекенки во светот, за време на викендот уживаше сончајќи се на популарна плажа во Мајами. Очекувано, папараците ја „уловија“ познатата бринета и снимија фотографии на кои јасно се гледа како оваа дама изгледа без филтри, посебно осветлување или вешти пози.

Емили Ратајковски пристигна на плажата во краток, лелеав фустан со леопардест принт и црни детали од тантела, но набрзо се соблече и го покажа витото тело во шарени, тренди-бикини.

Познатата 32-годишна актерка и моделка избра минијатурни бикини во бела боја со впечатлив дезен и жолти врвци, а додека горниот дел е доста класичен, долниот дел е во форма на танга.

Evo kako Emili izgleda na paparaco fotkama Инаку, ова е омилениот модел на гаќички за Емили и често го носи, иако е толку мал во пределот на задникот што го покрива само најинтимниот дел од него.

Стајлингот за плажа го комплетира со тренди-очила за сонце и ефектни сребрени обетки, а иако нема шминка, на усните нанесе атрактивен безбоен сјај.

 

останати вести