Бредли Купер заслужено добива пофалби и аплаузи за портретирањето на Леонард Бернштајн во новиот филм „Maestro“, во кој покрај главната улога, се јавува и како режисер и сценарист.
На Филмскиот фестивал во Санта Барбара, 49-годишниот актер се закити со наградата за “Извонредна изведба на годината“, а статуетката му ја врачи колегата Бред Пит.
Холивудските шармери позираа заедно на настанот, каде се фотографираа и со актерката од „Maestro“, Кери Малиган.