Харис Џиновиќ откако со недели беше главна тема на медиумите поради разводот по 22 години љубов и 10 години брак со сега веќе поранешната сопруга, модната дизајнерка Мелина Џиновиќ, застана пред камерите и проговори за ситуацијата во која се наоѓа во моментот.
Пејачот прво зборувал за своите песни, велејќи дека е поактуелен од кога било, но дека не знае зошто е тоа така. Покрај тоа, тој открил дека нема да има дует во неговата понатамошна кариера.
Потоа, водителот на емисијата „Премиерa викенд специјал“ го прашал Харис како го коментира тоа што неговата ќерка Џина Џиновиќ е многу интересна за медиумите, на што тој одговорил дека нема проблем со тоа и ако на медиумите им се допаѓа тоа, треба да продолжи да го прави тоа. А потоа дошло време за прашањето за неговиот брачен статус, на кое пејачот само кратко одговорил:
„Не сакам да зборувам за тоа. Нема смисла да ме прашувате за моите приватни работи. Многу луѓе ми се јавија, но нема да коментирам за тоа. Не разговарам со моите деца за оваа ситуација, а ниту со Мелина, прашајте ги нив. Ништо не знам и мене ништо не ме погодува“, изјавил Џиновиќ во емисијата.