Пинк го прекина концертот кога жена од публиката почна да се породува (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Познатата пејачка Пинк моментално се наоѓа во Австралија каде што одржува концерти во рамките на турнејата Летен карневал, а во еден момент накратко го прекина концертот.

Додека ја изведуваше песната Our Song, пејачката забележала дека медицинските лица однеле обожавателка од публиката, а потоа му рекла на бендот да престане да свири.

„Чекај, некој има бебе? извикала откако дознала дека една жена од публиката се породува. Потоа се пошегува и праша: „Дали тоа ќе биде Алесија или Алекс?“ алудирајќи на нејзиното вистинско име, а тоа е Алесија Бет Мур.

“Ова е многу возбудливо. Не знам ни што да кажам. Сепак, мора да продолжиме да пееме. Среќно со породувањето, ќе биде одлично”, извикала пејачката.

останати вести