Родителите на 29-годишната Бјанка Ценсори биле вознемирени откако во јавноста виделе фотографии на кои таа носи само проѕирен мантил и црни чизми до колена.
Извор близок до Бјанка рече дека нејзините родители се плашат дека Канје ја држи под контрола, пишува Daily Mail.
„Нејзиното семејство и пријателите се понижени, зашто станува сѐ полошо и полошо. Бјанка очигледно не сфаќа дека тоа што го носи не само што е одвратно и дава лош пример, туку потенцијално го прекршува законот. Канје е покриен со пет слоја облека во исто време, а кога жената изгледаше како да ѝ е ладно бидејќи е гола и завиткана во пластика, тој не ѝ понуди ништо да облече“, рекол изворот.
“Нејзините родители се многу потресени, повеќе не ја препознаваат. Таа немаше да го прави ова ако не беше контролирана. Канје ја заробува со тоа што ѝ дава сè повеќе сопственост на различните проекти што ги има, вклучително и облеката.“, додаде изворот.
Потсетуваме, изданијата во кои Бјанка се појавува во јавноста и на социјалните мрежи на нејзиниот сопруг е претежно гола, што изненадува многу фанови на Канје со оглед на тоа што тој ѝ забрани на својата поранешна сопруга Ким Кардашијан да се облекува провокативно. Фановите шпекулираат дека ова е Канје кој се обидува да воспостави контрола над Бјанка, исто како што сакаше да направи со Ким.