Британската актерка Флоренс Пју продолжува да го поддржува движењето „Ослободете ги брадавиците“. Без градник дојде на премиерата на филмот „Dune: Part Two“ во Мексико, во кој ја игра принцезата Ирулан, ќерката на императорот.
Таа на црвениот тепих се појави во бел комбинација на делумно проѕирна маичка и сукња со набори.
Претходно, таа го истакна дека го смета за лицемерно тоа што жените се принудени да ги покриваат градите, додека мажите можат да одат без кошула, пишува Дејли Мејл. Ова не беше првпат Флоренс да облече фустан без градник. Во јули минатата година таа носеше проѕирен фустан на ревијата на Валентино во Рим.
„Мажите јавно ги уништуваат женските тела“
Поради нејзиниот став, таа добила коментари од, како што вели, „вулгарни“ мажи кои „одлучиле јавно да уништат женско тело.“ Она што беше интересно да се види е како мажите лесно ги уништуваат женските тела, јавно и горделиво за да можат сите да видат“ напиша таа на Инстаграм.