Мајли Сајрус денеска е главна тема на многу светски медиуми.
Мајли во неделта се појави на доделувањето на Греми наградите и покажа дека добро ја одработила својата „домашна задача“.
Поп ѕвездата се погрижи да блесне на ваков важен настан, а нејзината креација ја потпишува брендот Maison Margiela.
Што се крие зад оваа креација, пејачката откри денеска преку објава на Инстаграм.
– За овој фустан беа потребни 675 часа рачна работа, 14.000 златни игли и е украсен со специјално избрани француски, антички мониста – нагласи Мајли Сајрус, која дефинитивно е меѓу дамите кои беа најдобро стилизирани на синоќешната гала манифестација.