Хајди Клум ги привлече погледите на забавата пред Греми организирана од „Warner Music Group“.
Познатата манекенка и членка на жирито на американскиот Суперталент блесна во смел фустан од „LaQuan Smith“ и покажа дека изгледа одлично и во петтата деценија од животот.
Инаку, манекенката и нејзината ќерка Лени (19) неодамна на Инстаграм се појавија во црвена долна облека. Тие беа фотографирани за божиќна кампања. На фотографиите германскиот супермодел и нејзината ќерка држат подароци додека се насмевнуваат на камерата.