Херојски потег на полицаец: Фати дете во лет додека паѓа од зграда и му го спаси животот (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Полицаец, најверојатно од Кина, фатил и спасил дете кое паднало од катна зграда, а драматичното видео го снимила безбедносна камера.

Не знаеме кога е направено видеото, но секако дека човекот ја заслужува титулата херој.

На самиот почеток гледаме човек како крева раце свесен дека детето ќе падне.

Секунда подоцна тоа се случи, а главниот лик некако успеа да го задржи малото во раце и самиот падна на тротоарот.

Тогаш му приоѓаат случајни минувачи, а останува да се надеваме дека детето и храбриот полицаец не се повредени.

Погледнете како тоа изгледаше:

останати вести