Свршеницата на еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо, сексапилната Георгина Родригез на егзотичните Малдиви го прослави својот 30-ти роденден .
Атрактивната Георгина по повод тој ден ги почести своите следбеници на социјалните мрежи со серија атрактивни фотографии, а прикажа и дел од роденденската прослава.
Нејзините објави од Малдивите добија повеќе од осум милиони лајкови.
Роденденот го прослави со вечера во друштво на многу пријатели,, но без свршеникот Кристијано Роналдо кој поради клупските обврски не можеше да биде на Малдивите, но со видео повик на својата сакана и го честиташе роденденот.