Американскиот актер Том Селек (79) е една од најголемите телевизиски и холивудски ѕвезди и главно добивал улоги на заводник, срцекршач и акциски херој, па секогаш важел за миленик на женскиот дел од публиката.
Од улогата на Томас Магнум во серијата „Magnum P.I“ до Ричард Бурк во „Friends“, тој секогаш бил обожуван, а поголем дел од времето бил зафатен.
Прво од 1971 до 1982 година бил во брак со манекенката Џеклин Реј, чиј син Кевин го посвоил, а се докажало дека вистинската љубов за него допрва дошла.
Љубовната приказна на Том Селек и Џили Џоан Мек
Кон средината на 80-тите тој бил разведен човек и работел во Лондон кога неговите колеги ја забележале неговата чудна опсесија со мјузиклот „Мачки“. Тој постојано одел на Вест Енд и зборувал за Џили со која соработувал на снимањето на филмот „Lassiter“, колку претставата била фантастична.
„Мислев дека сум добра, но не бев да се гледам повеќе пати“, била збунета Џили во разговор за „People“.
Се докажало дека Том повеќе од самиот мјузикл го воодушевила танчарката Џили Џоан Мек која актерот за кратко време ја повел на вечера.
Потоа започнала нивната љубовна приказна која трае и денес
Набрзо потоа папарацо фотографите ги забележале како се прегрнуваат на секој чекор, а Џили била покрај Том кога ја добил и ѕвездата на Булеварот на славните во 1986 година.
Наредните години се појавила информацијата дека тие тајно се венчале, братот на актерот организирал романтична свадба на езерото Тахо во Невада. Доцна вечерта тие го кажале судбоносното „да“.
Парот ја добил и ќерката Хана, а купиле и огромен ранч во округот Вентура во Калифорнија каде Том уживал со семејството меѓу напорните снимања и холивудскиот живот.
„Никогаш не правиме ништо ниту носиме било какви одлуки без консултирање“, изјавил Том за „New York Daily News“ во една прилика, па додал: „Доколку некоја одлука се однесува на Хана, другиот родител веднаш ја поддржува, па дури и доколку не се согласува“.
Како што истакнал, семејството секогаш му било приоритет, а верува дека за успешноста на бракот помогнало и тоа што постојано си се пoсветени еден на друг.
„Важно е да го негувате бракот“, истакнал актерот, па додал: „Мислам дека тоа е и повеќе од потребно“.