Еден од најпознатите пејачи во моментов, Хари Стајлс, деновиве е во центарот на вниманието поради сметка од ресторан каде што вечерал.
Сметката изнесувала вкупно 72,50 долари, а Хари оставил бакшиш од само пет долари.
„Тој не е добар во математика“, се вели во описот на објавата.
Ова разочара некои од неговите обожаватели бидејќи во САД се подразбира оставање бакшиш од најмалку десет отсто од сметката.
Видеото од сметката на Хари досега го погледнале неколку милион луѓе. Сепак, некои застанаа во одбрана на пејачот.
„Не ја разбирам фамата, ја земал порачката за носење“, „Зошто би оставил бакшиш ако земал храна за носење, ниту јас не го правам тоа“, се само дел од коментарите.