Веќе не кријат дека се во врска: Бредли Купер и Џиџи Хадид фатени за рака на прошетка во Лондон (ФОТО)

by Тони Зографски

Бредли Купер и Џиџи Хадид официјално потврдија дека се во врска. Славниот пар беше фотографиран за рака за време на прошетка во Лондон.

Веќе долго време се шпекулираше дека 49-годишниот актер и 28-годишниот модел се состануваат, но најновите фотографии повеќе не оставаат простор за сомнежи.

Бредли и Џиџи за првпат биле видени заедно во октомври минатата година и се зборува дека се запознале преку Ирина Шајк, која му е поранешна девојка на Бредли, а блиска пријателка на Џиџи.

И двајцата имаат по едно дете од претходни врски. Бредли има 6-годишна ќерка со Ирина, додека Џиџи е мајка на 3-годишната Каи, од врската со Зејн Малик.

останати вести