Порно-актерката Џеси Џејн (43) и нејзиното момче Брет Хасенмилер (29) се пронајдени мртви, пренесуваат американските медиуми. Нивните тела биле пронајдени во куќата во американскиот град Мур, каде што живееле.
Според извори блиски до полицијата, смртта на парот во моментов се истражува како „можно предозирање со дрога“. Не е јасно колку долго двајцата биле во куќата пред да бидат откриени нивните тела, а точната причина за смртта допрва треба да се утврди. Телата биле откриени откако работодавецот на Брет ги повикал надлежните служби, а се загрижил затоа што неколку дена не слушнал со својот вработен.
Џеси Џејн, чие вистинско име е Синди Хауел, беше една од најголемите порно-ѕвезди во своето време. Кариерата ја започнала со „Digital Playground“ во 2002 година, а потоа неколкупати беше во шоуто на „Showtime“, „Family Business“, што ѝ донесе голема популарност.
Таа глумеше во бројни филмови и серијали за возрасни, вклучувајќи ги „Pirates“ и продолжението „Pirates II: Stagnetti’s Revenge“, чие снимање наводно чинело околу 8 милиони долари и се смета за еден од најскапите порно-филмови некогаш направени. Таа, исто така, работеше и како водителка на популарната емисија во живо „Night Calls“, а водеше и „Naughty Amateur Home Videos“ на „Playboy TV“.
Џеси во 2019 година се повлече од порно индустријата, а во 2020 година беше уапсена откако наводно го претепала своето момче под дејство на алкохол и дрога.