Украинското министерство за надворешни работи ја критикуваше мрежата HBO за ангажирање на актерот Милош Биковиќ за серијата White Lotus, кој, како што наведе министерството, ја поддржува руската инвазија на Украина.
„Почитуван HBO, дали навистина го поддржувате геноцидот?“, се вели во видеото објавено на профилот на министерството на социјалните мрежи.
Претходно беше објавено дека Милош Биковиќ ќе глуми во третата сезона на серијата на HBO, White Lotus.
https://twitter.com/i/status/1750209346666160293
„Милош Биковиќ, српски актер кој ја поддржува Русија од почетокот на целосната инвазија на Украина, сега ќе глуми во третата сезона на серијата White Lotus на HBO“, се вели во објавата на украинското министерство за надворешни работи.
„Дали е во ред за вас, HBO, да работите со личност која поддржува геноцид и го крши меѓународното право?“, се додава.