Холивудската актерка Дру Баримор која во последниве години води успешно „talk-show“, кога гостувала кај радискиот водител Хауард Стерн раскажала за нејзиниот најтежок период од животот и турбуленциите во растењето.
Дру Баримор открила дека мајка ѝ Џејд уште кога била 13-годишно девојче ја одвела во психијатриска болница во која поминала 18 месеци.
„Првите шест од осум месеци беа преполни со бес. Не ми беше јасно зошто бев толку страшно казнета“, истакнала таа.
„Мислеше дека одгледала чудовиште и дека повеќе не знаела што треба да прави со тоа чудовиште“, додала Дру.
Таа истакнала дека биле ужасни моментите во установата.
„Денес затоа дури и се насмевнувам кога ќе ја слушнам оваа приказна за холивудските ѕвезди и 30-дневната програма во Малибу. Тоа не е ништо со она што сум го поминала, а во таа институција во 80-те не беше шега да се биде. Не смеевте да шетате наоколу, а доколку тоа го правите, ве носеа во изолирана соба или ве ставаа во носилка и ве врзуваа. Ја сфаќам (до некаде) постапката на својата мајка и зошто тоа го направила, но мислам дека е виновна за многу работи кои подоцна ми се случија во животот и кои ме обликуваа“, изјавила актерката.
Други во биографијата „The Lost Little Girl“ напишала дека на 12 години имала средба со кокаинот, а една година подоцна двапати била одведена на лекување, вториот пат сместена во психијатриска установа.
По излегувањето од институцијата се обидела да си го одземе животот, па повторно била хоспитализирана. После разводот на родителите и татковиот алкохолизам, со полни 14 години нејзините родители повеќе не биле нејзини законски старатели, а како што објаснила односот со нив секогаш бил проблематичен. Признала дека мислела дека нема да ја доживее 25 година од животот поради начинот на којшто живеела.
Актерката објаснила што довело до нејзината хоспитализација, тврди дека мајка ѝ ја одгледала како нејзина пријателка, а не ќерка, што довело до тоа во тинејџерските години да биде надвор од контрола. Избегнувала одење на училиште, го крадела автомобилот на мајка ѝ, бегала од дома.
Баримор додала дека сега ѝ простила на мајка ѝ, но после долгогодишната терапија и истражување на својата душа. Денес тие се во контакт.