Познатата манекенка Адријана Лима последниве месеци повеќе од вообичаено им е цел на папараците. Причината се коментарите дека видно се променила по третото породување (чудо големо), но и коментарите дека „се ботоксирала“. Но таа одговори дека личи на секоја уморна мајка која покрај трите деца се грижи и за двете малечки на својот партнер од неговата претходна врска.
Новите фотографии на Адријана Лима снимени во Лос Анџелес покажуваат дека манекенката и Андре Лемер се доста задоволни еден со друг, а еве нов доказ дека славната Бразилка приватно го обожава лежерниот стил на облекување.
Имено, таа прво пазарела со партнерот, а потоа се прошетале низ градот. Адријана беше облечена во тесни фармерки, ролка, сако – сите во црна боја и едноставни патики.
Во црно беше и нејзиниот партнер Андре Лемер со кој најчесто оди на тренинзи.
Лима е голем љубител на боксот и спортот воопшто, а можеби ја одбрала црната боја бидејќи визуелно ја стеснува линијата и не’ прави послаби, иако доста добро ѝ оди кога станува збор за губење на вишокот килограми.