Познатата манекенка Беверли Џонсон откри дека станала зависна од дрога во 1970-тите откако живеела на диета со кокаин, чинија ориз и две јајца неделно во обид да ослабе.
Супермоделот, кој слави 50 години откако стана првата црнкиња што се појавила на насловната страница на Vogue, призна дека консумирала „лек“ за намалување на апетитот.
„Не убедуваа дека кокаинот не создава зависност. Не знаевме дека кокаинот предизвикува зависност. Порано сите користеа дрога, но тој специјален лек за манекенки се користеше затоа што не јадевме“ – изјави Џонсон.
„Се сеќавам дека јадев две јајца и една чинија кафеав ориз неделно. Ќе треперев во таксито и ќе го запрев возачот затоа што требаше да земам пакетче бонбони“ – додала таа.
Таа вели дека почнала да ја разбира нејзината ситуација дури кога нејзината загрижена мајка еден ден ја натерала да излезе од кадата и ја ставила пред огледало.
Таа глетка и ги отворила очите, вели манекенката.
Во моментов Џонсон е водителка на шоуто наречено „Беверли Џонсон во Вог“. Таа во емисијата зборува за нејзината манекенска и актерска кариера, семејството, љубовниците и растењето во Бафало, како и оддавањето почит на легендарните жени пред и по неа.