Британскиот познат готвач, Џејми Оливер, се осврна на своите здравствени проблеми додека зборуваше за својата рутина за вежбање.
„Дури сега се враќам на редовно вежбање бидејќи четири години имам проблеми со грбот“, изјави 48-годишниот готвач за The Sunday Times Magazine.
„Имав недели во кои не можев да стојам подолго од 40 секунди“, објаснил Оливер.
Тој додава дека научил да го контролира овој проблем со помош на некои медицински интервенции, пишува Daily Mail.
„Сега, ако забележам и најмал знак на проблем, одам директно кај мојот лекар и тој ми става голема игла во грбот“, рече Џејми.
Зборуваше и за својата дневна рутина, истакнувајќи дека се буди во 4:30 часот и вежба со личен тренер пред да започне со работа. Обично се враќа дома околу 20 часот и 30 минути и се обидува да му подготви вечера на семејството за 15 минути, бидејќи верува дека „уметноста на готвењето“ изумира.