Џенис Џоплин била толку популарна што ја нарекувале „кралица на рокенролот“. Го живеела секој момент како да е последен, за да умре на 27 години од предозирање.
Доколку беше жива, на 19 јануари ќе го прославеше 81-от роденден.
Еве помалку познати факти за оваа неверојатна уметница.
1. Била прогласена за најгрдата личност на кампусот додека студирала на Универзитетот во Тексас
Растејќи, Џенис Џоплин имала прекумерна тежина, имала проблеми со акните поради што и ја малтретирале додека студирала. Сестринството ја прогласило за најгрдата личност на кампусот, што оставило длабоки траги на нејзината душа. На крајот, Џенис го напуштила факултетот бидејќи не можела да го поднесе малтретирањето.
2. Го променила тестаментот два дена пред да почине
Се чини речиси скоро чудно што Џоплин го променила тестаментот само два дена пред да почине. Во текот на промената таа упатила неколку барања кои би биле од корист за нејзините пријатели и семејството, покрај одредено дополнително богатство кое припаднало на нејзините браќа и сестри. На крајот, побарала да се одвојат 2.500 долари и да се искористат за нејзините пријатели да приредат забава.
Барањето им овозможило на 200 луѓе да имаат целоноќно собирање во „Lion’s Share“, нејзиниот омилен бар. По нејзините зборови, така нејзините пријатели „би можеле да се откинат откако јас ќе заминам“.
Џенис Џоплин на крајот била кремирана, а нејзината пепел расфрлана по Тихиот Океан, како и по должина на плажата Стинсон во Северна Калифорнија.
3. Џим Морисон бил фасциниран од неа, па му скршила шише од главата
Бидејќи биле две најголеми музички ѕвезди во 60-тите, било речиси неизбежно Џенис Џоплин и Џим Морисон да завршат на исто место. Продуцентот Пол Ротшилд ги поканил и двајцата на забава бидејќи и двајцата сакале да пијат, а се согласувале и кога биле трезни.
Џенис била „пријатна алкохоличарка“, но Морисон неретко покажувал насилно и одвратно однесување. Откако Џоплин го одбила бидејќи ја одвратило неговото однесување, Морисон станал уште позаинтересиран за неа. Тој ја следел сè додека Џоплин не го удрила со шише по глава, што го нокаутирало.
Џим Морисон не престанал ниту тогаш, одел по неа барајќи ѝ телефонски број. Многумина велат дека тој тогаш говорел: „Колку прекрасна жена, прекрасна жена“.
4. И покрај ниската самодоверба, таа имала обичај да се соблекува на сцената
Фотографот Боб Сајдман сакал да ја употреби фотографијата на Џоплин како би ја овековечил хипи културата, па ја прашал дали би позирала топлес. Џоплин одлучила дека пре би позирала потполно гола, иако не морала.
Боб Сајдман подоцна со задоволство се сеќавал: „Таква беше. Таа навистина сакаше да ја соблече облеката.“
Фотографијата е објавена во 1972 година, неколку години по нејзината смрт. Џоплин, исто така, немала проблем да се ослободи од облеката додека настапувала пред бројната публика.
Промоторот на концертот во Питсбург се сеќава дека подоцна излегла на сцената затоа што имала секс во соблекувалната.
„Кога стигнав таму, Џенис конечно се појави на сцената. Носеше проѕирно мрежесто долниште без долна облека на себе. Кога светлото беше насочено кон нејзе, се виде сè.“
5. Ноќта кога починала, требала да има секс во тројка со поранешните партнери
Џенис Џоплин имала многу бурни односи и со девојки и со момци. Во времето кога растела, бисексуалноста се сметала за голем грев. Ноќта кога починала, таа требало да има секс со своето поранешно момче Сет Морган и поранешната девојка Пеги Касерта, но ниту еден од нив не се појавил во нејзината хотелска соба.
6. Верувала дека е реинкарнација на Беси Смит
Беси Смит била американска блуз и џез пејачка за која Џенис Џоплин верувала дека е нејзина реинкарнација. Беси загинала во сообраќајна несреќа кога имала 43 години, а била погребана без обележја.
Кога Џоплин го открила ова, таа била бесна и ја платила надгробната плоча заедно со ќерката на еден од работниците на Беси. На надгробната плоча напишала: „Најголемата блуз пејачка на светот никогаш нема да престане да пее“.
7. Починала од предозирање со хероин и станала членка на „клубот 27“
Во една прилика лекарот ѝ кажал дека доколку продолжи со овој начин на живот, нема да живее до 24 година. Била лудо горда кога му докажала дека не бил во право. Многу луѓе околу неа во тоа време користеле психоделични дроги како што е ЛСД, но Џоплин главно се држела до алкохолот, а потоа во средината на 60-тите развила зависност од хероин. Нејзината употреба на дрога и алкохолизирањето се влошиле и до 1969 година, таа очигледно консумирала хероин во вредност и до 200 долари дневно.
Некои од нејзините пријатели се обиделе да интервенираат и таа успеала да го остави хероинот, за подоцна повторно да потклекне.
На 4 октомври 1970 година таа требало да сними песна, но била пронајдена мртва во нејзината хотелска соба. Се предозирала. Нејзината смрт во 27-та година ја вклучила во „клубот 27“, помеѓу други легендарни уметници кои починале на истата возраст, вклучително Џим Морисон, Џими Хендрикс, Курт Кобејн и Ејми Вајнхаус.