Мелани Грифит како и бројните светски ѕвезди, зимските месеци ги поминува на егзотична дестинација, поточно во Мексико каде отпатувала со пријателите.
Фотографиите ја прикажуваат оваа ѕвезда во бикини. Мелани има 66 години, а откако се покајала поради одлуките дека посетила пластичен хирург, останатото оставила да го „обработи“ природата.
Мелани на плажа носела елегантно бикини, актерката се гледа дека е во прекрасна форма.
Изгледот на Мелани често се коментирал јавно, во стилот на „дебаклот на пластичните хирурзи’, а тоа се однесува најмногу на нејзиното лице.
Очигледно е дека актерката имала пластични корекции на овој дел од телото за што зборувала во 2007 година.
„Не сфатив дека тоа отиде предалеку додека луѓето не почнаа да зборуваат: О, мој Боже, што направила. Бев толку повредена што отидов кај друг хирург и тој ја поправи штетата која претходниот доктор ја направи. Се надевам дека сега изгледам понормално“.
Можеби Мелани целосно не се откажала од вештачкото разубавување, но фотографиите од Мексико откриваат дека се препуштила на природниот тек на годините.
Мелани водела тешки битки со здравјето, а последен пат се борела со меланом во 2018 година. Откако се појавила со завој на носот, соопштила дека имала операција во која ѝ биле отстранети клетки канцер.
„Доколку се сончате бидете внимателни. Користете заштитна крема. Посетете дерматолог. Доколку немате свој доктор, променете го тоа или одете до најблиската клиника и побарајте да ве тестираат“, порачала тогаш актерката на Инстаграм.