Британскиот мултимилионер Данкан Банатајн неодамна бил виден, и тоа на Сардинија. Времето го поминувал во друштво на својата презгодна сопруга Нигора Вајтхорн, која е дури 31 година помлада од него, но не изгледа така.
Данкан изгледа одлично за своите години. Никој не би кажал за него дека има дури 75 години.
Како се запознале?
Кога Данкан првпат објавил нивна заедничка фотографија, морал да ја избрише во рок од неколку часа, бидејќи имало премногу негативни коментари.
Тие уживаат во секоја смисла. Се забавуваат на прескапи журки, патуваат, посетуваат егзотични дестинации. Но тоа што се згодни, изгледа се должи на здравата исхрана. Со оглед на годините на Данкан, неверојатно е тоа што е во толку добра форма и без грам маснотии, дури ни на стомакот.
Нигора кренала голема прашина со неодамнешната изјава дека таа се грижи за своето тело како за автомобил, па се споредила со девојките од 18 години.
„Денес, 18-годишните девојки јадат брза храна, пијат нездрави сокови и јадат обоена ГМО храна, храна со високо количество на шеќер, а не сфаќаат каква штета му нанесуваат на своето здравје“, изјавила таа.
И покрај тоа што постои толкава разлика во годините меѓу нив, може да се каже дека изгледаат физички складно, барем на прв поглед.
Данкан има 75 години, додека Нигора е 31 година помлада од него. Во брак се од 2017, а таа е негова трета сопруга. Банатајн зад себе има брак со Гејл Броди и Џоан Мекју. Во првиот брак добил четири, а во вториот добил две деца. Нигора, која е родена во Узбекистан, има ќерка Габриел од претходната врска.
Љубовта, која многумина ја сметаат за контроверзна, започнала во 2015 година, кога се сретнале во забарска ординација на лондонската улица Харли, каде што работела таа. Се свршиле во 2016 година во Монте Карло, кога ѝ подарил прстен од 40.000 фунти. Венчавката се одржала во Португалија, а за медениот месец отпатувале во Хрватска.
„Ја здогледав еден ден додека работеше на некакви корони. Токму кога собрав храброст да разговарам со неа, се слушна ѕвоното за мојот термин. Кога си отидов дома, не можев да престанам да мислам на неа, се чувствував опседнато! Се чувствував вљубено!“, открил тој за медиумите.
Нигора додала:
„Првиот ден ми кажа: ‘Лудо сум вљубен во тебе’. Мислев дека се шегува и останав без зборови.“