Несекојдневна сцена од една венчавка.
На социјалната мрежа Тикток се појави видео на кое се гледа како младоженецот се обидува да ја бакне невестата, а во мометот кога првиот бакнеж би требало да биде овековечен, неговите пријатели му помагаат да изгледа тип-топ.
Еден од нив, му нанесува крема на лицето, другиот му става пудра, третиот му дава гума за џвакање за да си го освежи здивот, четвртиот му ја чешла косата, петтиот вади невидливи трошки од сакото, шестиот носи огледало за да може младоженецот да провери дали го има посакуваниот изглед… Така дотеран, полн со самодоверба и заљубен, младоженецот трчајќи се враќа кај невестата, ја грабнува и со неа го разменува првиот брачен бакнеж.
Видеото е прегледано повеќе од 12 милиони пати, а коментари оставиле околу 45.000 луѓе.
– Никој не размислува за тоа што сака младоженецот на денот на свадбата.
– Браво за овој млад човек, направи нешто во одбрана на машкиот род! Зошто само невестата треба да изгледа беспрекорно? Зошто е тоа привилегија на жените?
– Овој човек е во право. На свадбата сите очи се вперени во невестата, тој направи пресврт во играта – беа само дел од коментарите под ова вирално видео.